Create your own Free Website! 1500 Templates, Galleries, Widgets, File Manager, Website Submission and much more!

ТРИБУН


Translate to Spanish Translate to French Translate to German Translate to Portuguese Translate to Italian Translate to Russian Translate to Chinese Translate to Japanese






 

 

 

Економист за проектот „Скопје 2014“: Камења на раздорот

 


09:58:07


Tribunmk/!headline


http://www.crisismagazine.com



 


Get Your News Widget

Total Visits: 1642
прва

интервју на Трифун Костовски за „Нова Македонија„

Државата мораше да направи повеќе за економијата

Точно е дека во изминатите пет години има најголем пораст на странските инвестиции во земјава, особено поттикнати со концептот на слободни економски зони и институтот рамен данок. Но веќе годинава тие инвестиции бележат пад. Деновиве новоформираниот совет на странски инвеститори излезе во јавноста со став дека ќе објави бела книга за проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори во Република Македонија

Случајот со Грција е типичен пример за радикализација на кризата, но и за ревизија на дел од принципите врз кои почива заедничкиот европски пазар. Тоа многу силно ме потсетува на таканаречениот процес на „социјализација на загубите“, што се применуваше безуспешно во услови на длабока економска криза и презадолженост на Југославија пред распадот. Во таа смисла, 2013 година очекувам да остане тешка и неповолна во вкупните економски текови. Сето тоа ја става пред голем број предизвици и нашата домашна економија, вели Трифун Костовски, познат македонски бизнисмен и поранешен градоначалник на Скопје, кој во интервјуто за „Нова Македонија“ открива и дека не е голем оптимист за заживувањето на глобалната економија, а дава оцена и за домашните политики за справување со кризата.

Како гледате на она што се случува во светот последниве години, во смисла на економска криза, рецесија и генерално замирање на економските текови?
- Искрено, многу сум загрижен и вознемирен од причините и последиците на светската економска криза. Најавувана срамежливо, како циклична рецесија пред една деценија, таа драматично се изрази пред повеќе од пет години како сериозна финансиска криза, најпрвин во САД, а потоа со забрзано темпо и во преостанатиот дел од светот, со мал исклучок на одредени земји и региони. Кризата се споредуваше најпрвин со големата криза во 30-тите години на минатиот век за подоцна да се дефинира како многу посложена, па дури и како криза на концептот на либералниот капитализам. Сето тоа во концентрични кругови ја зафати најпрвин западната хемисфера и почна да се шири со побрзо темпо од предвиденото, што доведе до драстично опаѓање на стапката на пораст на успешните економии, па сѐ до класичен банкрот на послабите и задолжени економии. Кризата особено ја погоди Европската Унија, како и земјите што се непосредно поврзани со неа. Во таа смисла илузорно беше да се помисли дека Македонија ќе остане заобиколена, а особено дека има доволен потенцијал и економски политики за да ја одбегне или ублажи кризата. Напротив, не само што е зависна од глобалните и особено од европските текови туку има и доволно внатрешни причини што нѐ тераат да бидеме загрижени и незадоволни. Излезот од економската криза, која се повторува во различни циклуси, изминативе пет години оди многу тешко и не секогаш ефикасно. Тоа предизвика силни турбуленции, особено во креирањето и водењето на економските текови на Европската Унија, каде што во одделни земји проблемот со високата презадолженост, порастот на невработеноста, паѓањето на БДП и воопшто на животниот стандард ги разниша темелите на концептот за економска благосостојба, развој и солидарност. Во оваа смисла јас не сум голем оптимист дека на краток рок ќе има вистинско заживување и пораст на економијата на глобално ниво. Особено ако на тоа се додадат и отворените нови воени жаришта во светот.

СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ЗАГУБИТЕ

Што нѐ очекува во 2013 година?
- Во услови на криза тешко е да се прават издржани проекции. Ако се направи анализа на проекциите и очекувањата на релевантните меѓународни организации, ММФ, Светска банка и Европската комисија, може да се забележи таа воздржаност и претпазливост, па во одредени земји за одредени сегменти има дури и негативни проекции. Општа карактеристика е процената за натамошен пад на бруто-општествениот производ, пораст на невработеноста, буџетски дефицит и пораст на надворешната и внатрешна задолженост на земјите и тешкотии во конкурентноста и трговската размена на глобално ниво. Случајот со Грција е типичен пример за радикализација на кризата, но и за ревизија на дел од принципите врз кои почива заедничкиот европски пазар. Тоа многу силно ме потсетува на таканаречениот процес на „социјализација на загубите“, што се применуваше безуспешно во услови на длабока економска криза и презадолженост на Југославија пред распадот. Во таа смисла, 2013 година очекувам да остане тешка и неповолна во вкупните економски текови. Сето тоа ја става пред голем број предизвици и нашата домашна економија.

Што можеше да направи повеќе државата од она што го прави изминативе години за ублажување на ефектите од глобалната економска криза?
- Прашањето за тоа што може да направи државата каде било не само во Македонија се покажа како главно за решавање на економската светска криза на 21 век. По мерки на државен интервенционизам посегна дури и американската администрација. Како резултат на своевиден државен интервенционизам се преземаат и мерки за спасување на дел од земјите во рамките на Европската Унија, низ инструментите на репрограмирање на долговите, строго контролирано буџетско планирање и воведување поцврсти мерки на монетарна политика, сѐ до идејата за создавање Централна европска банка. Што нашата држава можеше да направи повеќе е сериозно и сложено прашање. Најпрвин да го запре сѐ позабрзаното надворешно и внатрешно задолжување на земјата. Денес нам ни е познат надворешниот долг на Република Македонија, но не и внатрешниот. Не може да биде никаква утеха податокот дека според надворешниот долг (до 40 отсто од БДП) спаѓаме во редот на средно задолжени земји, бидејќи во светот и земји со таков процент на задолженост се соочија со банкрот! Ако на ова се додаде дека надворешната задолженост е висока од аспект на извозот, прашањето станува уште посложено. Сепак, дел од внатрешниот долг се соопшти пред јавноста, и тоа само како долг на државата спрема приватниот сектор, и тој почна да се сервисира во две рати. Но тоа сепак е дел од стариот долг!? А што по февруари 2013 г. и што со веќе пријавениот нов буџетски дефицит. Значи ли тоа ново внатрешно и надворешно задолжување?! Во овој контекст за мене е најзагрижувачки податокот за ниското ниво на економски пораст на земјата и долговите на буџетската страна. Годинава проектираната стапка на пораст двапати се ревидираше за сега да се лоцира некаде околу нулата, што, секако, не влева голем оптимизам. Ако на ова ги додадеме и податоците на Светска банка за слабата конкурентност и падот на продуктивноста во Република Македонија, се прашувам како ќе расте економијата и како ќе се враќа долгот. Во тие анализи многу често во Република Македонија се детектира низок степен на ефикасност и иновативност на реалниот сектор, слаба работна етика, неефикасна и преобемна државна администрација и присуство на корупција. Значи, државата можеше и мораше да направи многу повеќе. Дека е тоа можно покажуваат некои непобитни факти, како на пример, ефикасната фискална политика и високата наплата на даноците во земјата. Секако, наспроти ова нема никакво оправдување за изборот на погрешни приоритети за таканаречените капитални инвестиции, наместо инвестиции во енергетиката и во патната и железничката инфраструктура, приоритет да добиваат локални патишта и залудно трошење пари во проекти како „Скопје 2014“, постаменти за знамиња и медиумски кампањи за тоа дека сонцето изгрева благодарение на Владата.

МЕРКИ НА КРАТОК РОК

Македонскиот банкарски систем се покажа како еден од најотпорните во регионот. Дали ќе остане таков и следната година?
- Констатацијата ви е делумно точна. Банкарскиот систем во Република Македонија веројатно е една од најсветлите точки во економијата, како од аспект на регулативата така и од аспект на неговото функционирање. Дел од успешната приказна за нашиот банкарски систем секако лежи во конзистентните политики на Народната банка на Република Македонија, која, на пример, различно од Владата ги проектираше стапките на пораст на економијата. Банкарскиот систем во 2013 г. ќе биде исправен пред нови предизвици, пред сѐ поради падот на стапката на економски пораст и порастот на задолженоста. Една од посериозните слаби точки на системот е потребата за докапитализација на голем број банки, успешното управување со ризиците на неликвидното стопанство и следење на инструментите во регулирањето на каматните стапки од страна на Народната банка. Значи, да резимирам, Владата презеде и дел успешни политики за справување со последиците од кризата, но сепак нив ги оценувам како мерки на краток рок. Нам ни се потребни минимум среднорочни проекции.

Владата вложува многу напори за привлекување странски инвестиции. Но како да се мотивираат домашните бизнисмени и Македонците од дијаспората да вложат во својата држава?
- Оваа тема станува дел од политичката митологија на Република Македонија. Точно е дека изминативе пет години има најголем пораст на странските инвестиции во земјава, особено поттикнати со концептот на слободни економски зони и институтот рамен данок. Но веќе годинава тие инвестиции бележат пад. Деновиве новоформираниот совет на странски инвеститори излезе во јавноста со став дека ќе објави бела книга за проблемите со кои се соочуваат странските инвеститори во Република Македонија. Притоа, тие посебно ги најавија проблемите на бавната и неефикасна администрација, слабостите на судскиот систем, квалификуваноста и продуктивноста на работната сила и проблемите на енергетската и патна инфраструктура. Не постои друг одговор за вашето прашање како да се мотивираат домашните бизнисмени и Македонците од дијаспората, освен одговорот дека можат да работат и да заработат профит, во стабилни економски услови, изградена инфраструктура и ефикасна администрација и силна правна држава. Јас лично сум еден од најголемите директни странски инвеститори во Република Македонија изминативе десет години и до ден-денес не можам да обезбедам пристоен поврат на инвестициите.


Шпекулација е дека ќе формирам партија

Медиумите во Македонија во неколку наврати споменуваа дека можеби ќе формирате нова политичка партија. Има ли вистина во тоа?
- Медиумите во Македонија се дел од општата приказна за Македонија во услови на криза и недостиг од вистински демократски идеи. Веројатно и тоа е една од причините што повремено се шпекулира со моето име и формирањето некаква нова политичка партија. Јас сум присутен на политичката сцена на Република Македонија во изминатава деценија и како пратеник во Собранието и како градоначалник на Скопје и денес во невладиниот сектор, како претседател на Советот за глобална соработка. На Македонија денес ѝ се потребни политички разум и мудрост за да остане на патот на евроатлантските интеграции и да го гарантира опстанокот на демократска и просперитетна Македонија. За жал, во моментов на нашата политичка сцена се одвиваат класични ретроградни процеси и особено загрижувачки процеси на национализам, што може да има катастрофални последици по интегритетот и опстанокот на земјата.


 
   
Автор: Жарко Василевски   Фотографија: Дарко Андоновски
Create a Free Website   |   Criar um Site Grátis Report Abuse  |  Advertising  |  Free Websites at Nation2.com